Роналдоица почна да забегува како Ванда Нара - секој ден го слика задникот (ФОТО)

Свршеницата на португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо, Георгина Родригез почна сериозно да забегува на социјалните мрежи, налик на контроверзната Ванда Нара, па не пропушта момент, а да не објави провокативна слика или видео на кое во преден план е нејзиниот најсилен атрибут – задникот.

Георгина во последно време се изнастава слики на кои задникот е во преден план во танга, дали кога врши домаќински работи (пружа алишта, пегла), дали од одмор и кога се слика со Роналдо и децата, па дури и кога тренира.

Овојпат, стави слика од бањата во долна облека и задникот нормално не може да не е во преден план. Ванда, сопругата на Мауро Икарди (ПСЖ) веќе со години постојано објавува провокативни слики на кои или на мегдан ги става бујните гради или задникот во танга.

Георгина има 20 милиони следбеници на Инстаграм и сериозно заработува од тоа, а експресно за најновата секси слика доби 1,2 милиони лајкови.