Роналдо збеснал на суд зaшто немал ист третман како Лионел Меси

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо ја продолжи правната битка за да ја докаже својата невиност за наводното даночно затајување, но Португалецот направил и мал скандал во судницата.

Како што објавија шпанските медиуми, Роналдо се соочува со сериозна казна и ќе мора да плати 14,7 милиони евра, колку што проценило обвинителството во тужбата против него. Тој на рочиштето во судот, побарал од судијката Моника Гомез – истр третман како Лионел Меси. Роналдо верува дека тој и Меси немаат ист третман ниту на суд, па затоа побарал тој да го добие тоа што Меси го добил на судењето за даночно затајување пред една година.

Но, судијката Гомез го одбила тоа барање со образложените дека зборовите на Роналдо не се корисни за овој случај. Кристијано смета дека судот не гледа исто на сите спонзорски договори и тоа многу му пречело, па посочувал дека Меси добил многу подобар третман од тој што го има тој во моментов

Судијката го „запалила“ Роналдо со одговорот дека тој може да се посоветува со адвокатите на Меси и дека со нив треба да види каков третман имал Аргентиецот, па сето ова многу го навредило Португалецот, кој кисело се насмеал. Медиумите во Шпанија се прашуваат што толку го навредило Роналдо во целиот случак, што не го извадил Меси од уста.

Шпанскиот суд наскоро ќе реши каква казна ќе добие Роналдо и дали ќе мора да плати 14,7 милиони евра, а ако се случи тоа, неговиот адвокатски тим најави контра тужба. Роналдо од старт тврди дека не е виновен и дека не затајувал данок во Шпанија.