Роналдо си купи автомобил вреден 2,6 милиони евра (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, сака да вози скапи автомобили, а својата колекција одлучи да ја збогати со ново Бугати, чија цена изнесува 2,6 милиони евра.

Автомобилот му го претстави на ѕвезда на НФЛ лигата, Одел Бекам Јуниор, кој беше фасциниран од автомобилот, а потоа си разменија неколку шеги меѓу себе.

НФЛ играчот е познат по тоа што е голем љубител на автомобили, па најверојатно и тој ќе си дозволи ваков „ѕвер“, кој е подготвен да стигне до 100 км/ч за само 2,5 секунди, а најголема брзина која што може да ја достигне изнесува 420 км/ч.

 

Just @Cristiano showing @OBJ his Bugatti 👀

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport) on