„Роналдо првпат го видов на Ибица, пиеше пиво и имаше пепелник на стомакот“

Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч никогаш нема да ја заборави неговата средба со бразилската легенда Роналдо.

Крауч во текот на кариерата помина две децении во Англија, додека Роналдо играше за многу клубови меѓу кои и Барселона, Реал Мадрид, Милан и Интер.

„Мојот идеален партнер во напад? Мојот избор би бил Роналдо. Не сум сигурен дека стиловите ќе ни одговараат, но 90 минути со него би ме направиле среќен. Го сретнав еднаш. Бев на викенд на Ибица и го видов на плажата. Тој беше зафатен со шишиња од пиво и имаше пепелник на неговиот стомак. Секогаш кога ќе испиеше едно пиво, згодната девојка до него му носеше друго“, кажа Крауч за „Дејли Мејл“.