Роналдо оставил нестварен бакшиш на одморот во Грција!

Кристијано Роналдо направи сензационален трансфер од Реал Мадрид во Јувентус, за да стане најскапиот фудбалер во историјата на Серија А. Сигурно ова му било веќе договорено, штом со мирна глава уживаше на луксузен одмор во Грција, од кој се офајдиле и локалните вработени.

Пред да потпише за Јувентус, Роналдо помина неколку дена во Грција, попрецизно на Пелопонез, во луксузниот ресорт „Коста Наварино“.

Не шпанските или италијанските, туку британските медиуми излегоа со пикантерија врзана со неговата дарежливост и великодушност. Според нив, кога се одјавил од хотелот со своето семејство, Роналдо оставил нестварен бакшиш.

Набројал точно 20.000 евра и го замолил менаџерот на хотелот рамномерно да ги распредели на сите вработени. Бил задоволен од услугата, од третманот и затоа решил да покаже колку широко срце има.

Вработените во овој хотел сигурно се навикнати на бакшиши, со оглед на луксузните гости кои го посетуваат, но овој на Кристијано Роналдо, дефинитивно, ќе го паметат.