Роналдо конечно доби добра статуа - и тоа од чоколадо (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е фудбалска икона во светот, а истото се подразбира и во неговата родна Португалија. Фудбалерот пред извесно време доби статуа во Мадеира, која воопшто не ја импресионираше јавноста, бидејќи повеќе личеше на негова карикатура. 

Сепак, неговите Португалци се поправија, бидејќи за еден карневал, човек по име Жорге Кардосо направи прекрасна статуа на Фудбалерот и тоа од чоколадо. Му биле потребни повеќе од 200 часа да ја направи статуата и дефинитивно треба да биде горд на своето дело.

Статуата е висока 187 сантиметри и тежи 120 килограми.

Вака изгледаа неговите претходни статуи.