Роналдо јуниор направи профил на Инстаграм и за два дена собра – милион следбеници

Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо во моментов е најкомерцијалниот играч на светот со три пати поголема заработка од маркетинг отколку од плата во фудбалот (плата му е 30 милиони евра по сезона) и има преу 200 милиони следбеници на најпопуларната мрежа Инстаграм.

И сега неговиот син Роналдо јуниор си направи профил и само што се појави за два дена собра – милион следбеници. Роналдо јуниор на социјалната мрежа се претстави на четири јазици – италијански, португалски, шпански и англиски.

Најстариот син на Роналдо има девет години, моментно е дел од пионрските тимови на Јувентус, а очигледно оди по стапките на татко му.