Роналдо и Георгина купија грдо милениче за 3.000 евра (ФОТО)

Еден ден откако Јувентус загуби во Лигата на шампиони од Манчестер јунајтед со 1-2, Кристијано Роналдо реши да си купи домашно милениче, односно – мачка.

Тоа во јавност го откри неговата сопруга Георгина Родригез, која се пофали со новото милениче, а англиските и италијанските медиуми пишуваат дека Португалецот за грдото милениче платил 3.000 евра.

Медиумите го критикуваат изборот за милениче на Роналдо, па не е јасно зошто Португалецот решил токму неа да ја купи.