Роналдињо не смее да излезе од Бразил – властите му го одземаа пасошот!

Една од најголемите светски ѕвезди Роналдињо не може да излезе од својот роден Бразил, откако властите му го одземаа пасошот, со потврдената одлука на Врховниот суд на најфудбалската земја.

Врховниот суд ја потврдил одлуката на судот во Порто Алегре за одземање на пасошот, поради тоа што бразилската ѕвезда има милионски долг(ови) и обвинение за „криминални активности против животната средина“. Со ова Роналдињо за да не избега од државата, властите се решиле на мерка претпазливост.

Роналдињо требаше да плати 2,1 милион евра казна, но откако Бразилецот прогласи банкрот, а на неговата сметка имаше само неколку евра, судот донесе одлука да му се одземе пасошот. Сега таа првостепена одлука е потврдена на Врховниот суд.

Бразилецот, кој играше за Барселона, Милан е осуден дека без дозвола од министерството за животна средина на реката Гваиба во Порто Алегре изгради платформа за ловење риба и „пристаниште“ за чамци, со што ја загрозил животната средина.