Рома со урнебесно видео објасни зошто е потребна ВАР-технологија во ЛШ! (ВИДЕО)

Рома претстави ново видео со кое порачува на УЕФА дека ВАР-технологијата е неопходна во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Волчицата“ беше оштетена во реванш-натпреварот од полуфиналето на ЛШ, а тоа му дозволи на Ливерпул да се бори за трофејот во финалето.

По елиминацијата на италијанската екипа, многумина беа згрозени со случувањата, но очигледно сега веќе се помирија. Тоа најдобро го покажаа преку најновото монтирано видео на нивниот Твитер профил.

„Еве зошто е потребен ВАР во Лигата на шампиони...“, пишува на нивниот профил.