Рома елиминирана од ЛШ, а „Олимпико“ грми, никој не си оди дома! (ВИДЕО)

Рома не успеа да направи уште една сензација, по онаа против Барселона, па синоќа беше елиминирана од Лигата на шампионите, без разлика што го победи Ливерпул со 4-2.

Навивачите знаат да ги почитуваат трудот и желбата на фудбалерите, па и по завршувањето на мечот „Олимпико“ грмеше од песна за простување со ЛШ. Никој не си одеше дома, стадионот долго стоеше полн и ечеше од навивањето.