Роден е за провокации: Ван Перси ги „пецна“ навивачите на Сити! (ВИДЕО)

На „Етихад“ синоќа, по повод пензионирањето на Винсент Компани, се одигра натпревар помеѓу легендите на Манчестер Јунајтед и ѕвездите во Премиер лигата.

Секој што имаше можност да го гледа тој меч сигурно не погрешил. Тие имаа можност да ги следат на дело големите мајстори кои одбележаа еден дел од Премиер лигата.

Меѓу нив беше и легендарниот Холанѓанец Робин ван Перси. Поранешниот напаѓач на „ѓаволите“ беше воодушевен од настапот, а по натпреварот имаше гест со кој тајно го одработи.

Имено, Робин носеше костобрани со грбот на Манчестер Јунајтед иако играше на стадионот на лутиот ривал. Откако известувачите го забележаа овој детал „стана тема број еден на Островот“.

Триесет и шест годишниот фудбалер во текот на трите сезони што ги помина на „Олд Трафорд“ ги собра симпатиите на навивачите на Манчестер, кои го прогласија за еден од најдобрите напаѓачи во клупската историја.