Репрезентативец на Кипар со старт за затвор: Ногата на Русинот изгледа ужасно (ФОТО)

Репрезентацијата на Русија денеска славеше против Кипар со 5-0, а во центар на внимание беше Леифис, кој во 28. минута имаше остар старт кон противникот, па доби дректен црвен картон.

По завршување на мечот Русите објавија фотографија на која се гледа во каква состојба е ногата на Сергеј Петров по стартот на Лаифис.

На прв поглед беше јасно дека фудбалерот на Кипар ќе добие црвен картон, но по објавувањето на фотографијата можеше да се забележи дека одлуката била исправна.