Реакцијата на Шакира за елиминацијата на Барса во Ливерпул стана - вирален хит (ВИДЕО)

Шпанскиот великан Барселона, петкратен европски првак, наскоро ќе го објави документарецот кој цела година се снимаше со секојдневниот живот на фудбалските ѕвезди, а вирален-хит стана во најавата реакцијата на светски познатата пејачка Шакира, сопругата на Жерар Пике.

Станува збор за реакцијата кога Ливерпул го постигнува четвртиот гол на „Енфилд“ за да ја елиминира Барса од финалето, кое подоцна „црвените“ во Мадрид го освоија со триумф против Тотнем со 2-0. Ливерпул имаше 0-3 од првиот меч во Каталонија, но чудесно успеаа да стигнат до епски пресврт за финале.

Шакира мечот го гледаше со своите две деца од бракот со Пике, Саша и Милан.