Рамос со интересна прослава на гол го провоцираше Гризман (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа вчера да слави во градското дерби против Атлетико Мадрид со 3-1, а еден од погодоците ги псотигна Серхио Рамос, кој беше во центар на внимание поради неговата прослава.

Рамос во финишот на првото полувреме погоди од пенал за 2-1, а потоа реши да го исмејува Антоан Гризман, кој головите ги прославува со танц од популарната игра „Фортнајт“.