Пукање во Торонто: Четири навивачи се повредени на прославата на титулата (ВИДЕО)

Вчера имаше инцидент на прославата на титулата на Торонто репторс во Канада, откако три лица пукале со огнено оружје, по што останатите фанови почнаа да бегаат, а четворица од нив заработиле повреди и биле пренесени во болница.

Полицијата уапси три лица и заплени две огнени оружја, но засега не се откриваат мотивите на напаѓачите.

Да потсетиме, Торонто ја освоија титулата во НБА-лигата, откако во шестиот меч го поразија Голден Стејт вориорс со 114-110.