Првата жена-тренер на германски клуб: Тимот го бирам по должината на - пенисите!

Германскиот петолигаш Клопенбург во декември постави жена-тренер, Имке Вибенхорст, а таа порача дека екипата за натпреварите ја бира според должината на – пенисите.

Вибенхорст досега немаше шанса да го предводи тимот на натпревар, па ќе дебитира наредниот викд, зашто во Германија имаше пауза.

Таа ќе има тешка задача да го спаси Клопенбург од испаѓање, зашто тимот е на последното место на табелата во петтата лига.

Вибенхорст во неколку интервјуа се пожали дека долго време никој не ја разбирал сериозно, дека немала со кого да разговара за фудбал, иако со години настапувала во втората лига, токму за женската селекција на Клопенбург.

На прашањето дали сега фудбалерите мора задолжително да се облекуваат пред таа да влезе во соблекувалата, таа имаше неверојатен одговор.

„Секако дека не, јас сум професионалец. Го бирам тимот според должината на пенисите“, одговорила таа.

Жената-тренер за задача си поставила да го спаси клубот од испаѓање, па ќе се потруди во вториот дел од сезоната да го исполни тоа.