Кендал Џенер е манекенка од семејството Кардашијан, која последна се најде во фокусот на светската јавност откако протекоа слики од неа како од мајка родена. Но, приказната за скандалозните слики на Кендал, според одредени медиуми од жолтиот печат имаат позадина и се поврзани со големата НБА-ѕвезда, Блејк Грифин.

Еден од најдобрите забивачи во изминатава деценија и член на ЛА Клиперс, наводно платил хакер за да ги добие голите слики од Кендал и да ги објави. Грифин и Кендал беа во врска до неодамна, која ставија крај на романсата, а една од најмладите од семејството Кардашијан сега е во врска со друг кошаркар, Бен Симонс од Филаделфија. Па сега можно е да сето ова е од љубомора.

Станува збор за фотографии на плажа, каде Џенер е потполно гола и таа е сликана за книгата од 1.000 модели под името „Ангели“, која е специјално издание само во 1.000 примероци и која содржи еротски и голи фотографии од најголемите имиња во светот на модата.