Приказна за на филм: Потрес на мозокот на фудбалер на Базел му го спасил животот!

Рики Фон Волфсвинкел, фудбалерот на швајцарски Базел имал неверојатна среќа и тоа откако доживеал потрес на мозокот на мечот со ЛАСК Линц, зашто токму тој момент на крајот му го спасил животот.

Како сценарио за филм, Фон Волфсвинксел по потресот на мозокот завршил во болница, а таму му откриле дека има анеуризма, која можела да биде смртоносна.

„Многу сум благодарен дека се откри тоа. Обилно анеуризмата не се открива на време, туку после пукање. Јас ударот кој го добив немаше врска со анеуризмата, таа била тука веќе подолго време, само што јас не знаев“, вели фудбалерот.

Анеуризмата ако не се открие на време може да биде смртоносна, но за среќа на фудбалерот лекарите го откриле. Него сега го очекува операција и најмалку половина година пауза.