Претседателот на Србија стана Комита! (ФОТО)

Премиерот на Македонија, Зоран Заев денеска во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на приемот му подари дрес од најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Заев на денешниот прием на Вучиќ му ја подари славната вардарова „деветка“, а ова е прва официјална посета на актуелниот премиер на нашата земја кај северниот сосед. Освен со Вучиќ, Заев се сретнал и со премеиерката Ана Брнабиќ.