Претседателот на Фенербахче помина најлошо во тепачката со лутите навивачи (ВИДЕО)

Фенербахче по 20 години загуби на домашен терен од Галатасарај (1-3), па по поразот навивачите тргнаа да го навредуваат претседателот на клубот, Али Коч, кој се наоѓаше во свечената ложа.

Првиот човек на Фенербахче не издржа, па скокна преку оградата кај навивачите за да се истепа, но очигледно тој поминал најлошо од тепачката, зашто му биле видливи повреди под окото.

За среќа, имало и мирни навивачи кои успеале да спречат поголем инцидент.