Претседателот на Челси на трибините во Солун делеше - чипс! (ФОТО)

Челси денеска гостува во Солун кај ПАОК во рамки на првото коло во групната фаза во Лигата на Европа. 

Фотографите го забележаа претседателот на „сините“, Брус Бак на трибините на стадионот „Тумба“ како им дели чипс на навивачите кои допатуваа во Солун да го бодрат тимот.