Навивачи на Порто и Бенфика жестоко се истепаа - среде Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)

Двајца навивачи на Порто кои летуваат во Хвар, Хрватска при прошетка покрај брегот биле нападнати и претепани од неколку сонародници и навивачи на најголемиот ривал Бенфика.

Двајцата повредени фанови носеле дресови на Порто и затоа навивачите на Бенфика ги препознале, а потоа и ги нападнале.

„Во почетокот мислев дека сакаат да не ограбат, но кога почнаа да нè навредуваат, сфативме дека се Португалци и дека навиваат за противнички клубови. Се обидов да ги смирам и да им кажам дека нема потреба да од инцидент, но добив удар во главата. Настрада и третиот наш пријател, инаку навивач на Спортинг Лисабон. Но, тој немаше навивачки обележја на себеси, па тие сигурно помислија дека и тој е навивач на Порто“, објаснува Рафаел Барбоса.

На снимката може да се види дека нападот на неколку агресивни навивачи на Бенфика бил навистина брутален бидејќи удирале со тупаници и клоци, а тоа може да го погледнете тука.

Порто го осуди насилството и им порача на навивачите дека во замена за скинатите дресови ќе им испрати нови.