Поранешната кечерка се исповеда: Бев очајна, никој не сакаше да води љубов со мене!

Поранешната кечерка Ејприл Џанет Мендес или попозната како Еј – Џеј Ли говореше за своите почетоци во кариерата и пикантериите кои и се случиле на приватен план.

Американската кечерка со порториканско потекло доживеала емоционална криза и голема несигурност што оставило трага на нејзиниот сексуален живот.

Во тоа време се шминкав и не носев облека која одговарала на она што луѓето сакаа да го видат на телевизија и поради тоа бев во неволја. Ми велеа дека никој не сака да има секс со мене, а тоа е наслов од едно поглавје во мојата книга. Плачев и бев очајна. Луѓето сакаа да ме гледаат како згодна и нашминкана жена, а не како некоја што се тепа. Тоа беше деморализирачки за мене, па затоа гледав да ги усогласам работите, но тоа не беше личноста која сакав да бидам. Навивачите беа тие кои ме спасија, го водеа мојот начин на живот, откри Ли.

Кечерската кариера ја започнала во 2007 година, а потоа конечно го пронашла вистинскиот животен пат. Во 2015 година сфатила дека е време за пензија.