Поранешен рагбист си ги убил сопругата и трите дечиња па се самоубил?

Неверојатна хорор-приказна ја потресе Австралија синоќа по веста дека поранешниот рагбист Роуан Бакстер и неговото семејство изгореле во пожар во својот автомобил. 

Медиумите јавуваат дека не се работи за несреќен случај, туку за убиство-самоубиство. Во автомобилот со Бакстер биле неговата сопруга со која бил разделен одреден период и нивните три дечиња на возраст од 3,4 и 6 години. 

Според сведоци, сопругата на рагбистот, Хана излегла од автомобилот цела во пламен и врескала дека сопругот ја потурил со бензин.

„Ме потури со бензин!“, извикала Хана, која веднаш била пренесена во најблиската болница, но за кратко починала поради тешките изгореници.

Дечињата починале на лице место во автомобилот, додека Роуан починал надвор од автомобилот и тоа не од изгореници туку од самонанесени убодни рани.

Полицијата не сака да шпекулира, додека детално не изврши истрага, но медиумите веќе го прогласија овој грозоморен чин за убиство и самоубиство. Роуан и Хана некое време биле разделени и воделе битка за старателство на децата. Наводно, Роуан ја полил колата со бензин и ја запалил додека бил внатре заедно со целото семејство. Откако пожарот не ја завршил работата, тој се самоубил со нож.