Поради несреден дом, Дембеле мора да плати 20 илјади евра!

Окружниот суд во Дортмунд ја објави првата пресуда во случајот на Осман Дембеле, односно куќата во која престојувал додека бил играч на Борусија Дортмунд.

Дембеле беше обвинет бидејќи оставил тотален хаос во куќата во која живеел, а судот денеска пресуди во корист на сопственикот на куќата и поранешниот ас на Дортмунд ќе мора да плати отштета од 20 илјади евра за обнова на покуќнината.

Иако може да ја обжали оваа одлука, тешко дека Дембеле ќе успее да ја докаже својата невиност, особено по однесувањето и недисциплината која ја прикажува во Барселона.