Поради него Русија е суспендирана: Учествувал во допингот, а потоа си го сменил личниот опис (ВИДЕО)

Русинот кој побегна во САД, Григори Родченко, е главниот виновник за суспензијата која ВАДА денеска ја изрече на сите спортисти од неговата земја.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) денес ја суспендираше Русија на четири години од сите поголеми натпреварувања поради допинг на спортистите.

Родченко побегна во САД во 2015 година, кога беше суспендиран од ВАДА, а е во програмата за заштита на сведоци се наоѓа уште од јануари 2016 година. Тој го смени и својот личен опис.

Од 2005 до 2015 година, Григори беше на чело на руската Антидопинг агенција (РУСАДА). Тогаш беше обвинет дека учествувал во дистрибуција на допингот на руските спортисти, па решил да проговори за тоа. Тој тврди дека руското разузнавање било исто така вмешано во систематското допингување на руските спортисти и дека бил свесен за целата кампања, но исто така призна дека во неа бил вмешан и претседателот Владимир Путин, иако тој негира.

Од пристигнувањето во Америка, Родченко тврдеше дека неговиот живот е загрозен и имал аргументи за смртни закани од страна на поранешниот директор на РУСАДА, Вјачеслав Синев, како и од извршниот директор на државната агенција за анти-допинг, Никита Камаев.

-Не измислувам. Не ја кажав вистината во Русија, но ја кажав уште од кога дојдов во САД, истакна Григори Родченков.