Полугола навивачка го прекина аргентинското дерби со јасна порака (ВИДЕО)

Дербито во аргентинското првенство меѓу Росарио централ и Ривер плејт заврши со 1-1, а во еден момент дуелот беше прекинат зашто на теренот втрча полугола навивачка со јасна намера.

Шејла Станоли втрча на теренот, ја соблече маичката и почна да трча од едната страна на другата додека не ја запреа полицајците.

Оваа 29-годишната девојка еден дел од телото го обоила во црно-црвена, а другиот во сино-жолта боја, додека на стомакот ги напишала своето име и презиме.

На грбот имаше напишано „Не за насилството“ со јасна порака дека на фудбалските стадиони во Аргентина мора да се преземе нешто.