Полицијата уапси тројца од напаѓачите на ватерполистите на Ц. Звезда

Полицијата од Сплит утрово приведе тројца мажи, кои се поврзуваат со нападот на ватерполистите на Црвена Звезда, а уште се трага по двајца хулигани кои наоружани со палки ги нападнале спортистите.

Тие ги барале нивните обележја, а потоа вербално и физички ги нападнале. Еден од нападнатите ватерполисти скокнал во море за да се спаси, а во тепачката добил полесни повреди на главата и вратот.

„Во однос на вчерашниот инцидент во Сплит, полицијата вендаш почна да ги бара напаѓачите и утрово уапси тројца мажи, а кај еден од нив е пронајден одземен дрес“, соопштија од полицијата.

Во тек е потрагата по уште двајца напаѓачи, кои се надеваат дека ќе ги пронајдат наскоро.