Полицијата исфрли 250 навивачи на Реал зашто бараа оставка на Перез (ФОТО+ВИДЕО)

Шпанската полиција во средата од „Сантијаго бернабеу“ исфрли околу 250 навивачи на Реал Мадрид, кои во текот на мечот од осминафиналето на шпанскиот Куп против Леганес (3-0) побараа оставка од претседателот Флорентино Перез.

Така продолжи конфликтот меѓу првиот човек на Реал и радикалната навивачка група „Ултрас Сур“, која од 2014 година има забрана да се појавува на стадионот поради сигурносни причини.

Тие ја искористија својата шанса на натпреварот во купот и побараа оставка од претседателот, па реагираше полицијата.