Полицијата го претресувала приватниот авион на Гвардиола, го барале Пуџдемон!

Пеп Гвардиола може да си има проблем со законот поради пријателството со лидерот на Каталонците, Карлес Пуџдемон.

Иако Пуџдемон е во бегство и на слобода во Белгија, шпанските власти не оставаат ништо на случајноста и неуморно го бараат секаде каде што мислат дека може да се појави. Едно од тие места, очигледно е и приватниот авион на Пеп Гвардиола.

Во последниве 10 дена двапати имал ненајавени посети од полицијата со налог да го претресат авионот, со сомнежи дека во него можеби е шверцуван Пуџдемон. Првиот пат било минатата недела, а вториот вчера, во присуство на семејството на тренерот на Манчестер сити.

Тој требало да слета во Барселона в недела, а Граѓанската стража на Шпанија уште сега му се остри да го пречека со уште еден претрес. Шпанските медиуми дури велат дека полицајците го претресле и автомобилот во кој се возела ќерката на Гвардиола и нејзината другарка.

Како и Џерард Пике, и Пеп Гвардиола има јавни настапи во минатото во кои зборува дека е горд Каталонец, иако се нема изјаснето јасно и конкретно за независноста на оваа покраина.