Полицијата „фаќа сеир“ додека Гробари меѓусебе се каменуваат!? (ВИДЕО)

Одамна владее голема омраза поради одделените и закрвени партизанови фракции меѓу навивачите, па нова рунда на меѓусебна пресметка имало вчера во Крушевац и тоа по мечот од Купот со Напредак, кога две од трите завојувани групи се каменувале и тоа додека полицијата само немо го следела хаосот.

На интернет се појави едно двеминутно видео на кое се гледа каменувањето на навивачите, иако навиваат за ист клуб. Наоружани со палки, меѓусебно се каменуваа, а во непосредна близина на случјата еден кордон на полиција само си стоеше. Требаше да минат повеќе од две минути, додека друга единица не дојде за да ги растера хулиганите. Пола Србија се смее дека полицијата ги оставила и им „фаќала сеир“ на двете партизанови фракции.

Нејасно е како дошло до инцидентот, а се шпекулира дека едната франција ѝ направила заседа на другата, иако Крушевац бил под опсада од полиција за да ги раздвои завојуваните страни и на стадионот.

Одамна меѓу навивачите на Партизан владее голема поделба и раздор, кој кулминираше пред повеќе од година ипол, кога голема и жестока тепачка имаше на јужната трибина во борба за превласт по која најмногу настрадаа шест сплитски хулигани, поврзани со криминалното подземје. Во моментов трите главни фракции на навивачите на црно-белите се Забрањени, Гробари, кои уште се на јужната трибина и најновите Партизановци, предводени од поранешен лидер на навивачите и на една од озогласените белградски групи Алкатраз.