Победник за најлошото претставување на нов фудбалер е - Фенербахче! (ВИДЕО)

Премиерлигашките клубови минатата сезона почнаа тренд да најавуваат нови фудбалери со специјално режирани кратки филмчиња. Потоа на сцена стапи Рома, која ги исмејуваше сите нив со пародии, па некако клубовите го напуштија тој тренд. 

Ако целата спортска и фудбалска јавност сметаше дека видео-клиповите за промоција на новите фудбалери се претенциозни и претерани, што да помислиме за видеото на Фенербахче со кое го промовираше Ислам Слимани во ново засилување.

Барем да се потрудеа малку... веројатно и дете од основно училиште може да изрежира подобро видео.

Фенербахче важи за „Реал Мадрид на Балканот“. Тоа е еден од најбогатите клубови во Источна Европа и турски гигант кој редовно освојува титули и игра во европските купови. Не им доликува една ваква ниско-буџетна промоција.