Победници на годината: Денот на вљубените ќе го поминам со мојата најголема љубов - Ливерпул!

Фудбалерите на Ливерпул утре играат во гости против Порто во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони.

„Црвените“ се наоѓаат во одлична форма во последно време и јасно е дека се големи фаворити да се пласираат во четвртфиналето на ова натпреварување, а сигурно ќе имаат и голема поддршка од навивачите од трибините.

Една од навивачките групи на Ливерпул денес тргна на пат кон Португалија и со нив зема брилијантен транспарент, кој стана хит на друштвените мрежи. Очигледно дека машкиот дел од оваа група нема проблем што утре е Денот на вљубените затоа што Ливерпул секогаш е на прво место.

„Немој да и кажете на госпоѓата, но јас го поминувам св. Валентин со мојата птица“, пишува на транспарентот.