По промашениот пенал: Рашфорд жртва на расистички напади!

Расистичките напади почнаа минатата недела кога Пол Погба промаши пенал против Вулверхемптон, а Манчестер јунајтед застана на страна на фудбалерот и порача дека ќе ги најде навивачите, кои го нападнале играчот.

Сепак, денеска се случи истото како и минатиот викенд. Минута по завршување на мечот во Манчестер, кадешто Јунајтед загуби со 1-2, навивачите му се „истурија“ на Маркус Рашфорд и тоа поради промашениот пенал против Кристал Палас.

На социјалните мрежи имаше голем број расистички навреди по промашениот пенал, а останува реакција од фудбалерот, како и од „црвените ѓаволи“.