„Пиевме цел ден со Мајкл Џордан, тој испи десет пива и потоа сам го суреди Кливленд“

Не е тајна дека легендарниот Мајкл Џордан е голем љубител на голф и обложување, а за најдобриот кошаркар на сите времиња се појавуваат многу приказни, меѓу кои најновата доаѓа од хокеарската легенда на Чикаго блекхокс, Џереми Реник.

Тој раскажа за еден облог за кој изгледало дека Џордан нема да може да го добие, но на крајот некако успеал.

„Игравме голф и го победив неколку пати. Заработив неколку илјади долари и тој се подготви да оди дома. Чикаго играше против Кливленд. Беше десет часот наутро и ми кажа: Не, ајде да одиграме уште една партија. Но, ние тука не застанавме, туку игравме цело попладне, испивме околу десет пива и тој потоа замина директно на натпревар. Се шегував дека сите пари кои ги добив од него ќе ги ставам на победа на Кливленд“, вели Реник.

На тоа Џордан се налутил и се обложил дека ќе победи Чикаго со 20 поени предност и дека тој ќе постигне 40 поени, па Реник без размислување го прифатил облогот.

Иако тој не кажа за кој точно меч станувало збор, сепак најверојатно е тој од 28 март 1992 година, Џордан постигнал 44 поени, а Кливленд загубил со 102-126.