Пепе се изнервира и тргна да се тепа со соиграч (ВИДЕО)

Порто славеше на последниот меч во домашното првенство со 1-0, но во центар на внимание не беше нивниот триумф, туку инцидентот во кој главна улога имаше контроверзниот дефанзивец Пепе.

Пепе на теренот тргна да се тепа со соиграчот Мамаду Лум, откако претходно жестоко се скараа, па веднаш мораа да интервенираат соиграчите и судиите за да спречат поголем инцидент.

Сенегалскиот фудбалер го турна Пепе, додека тој сакаше да го поздрави, по што целосно „откачи“ и тргна да му објасни кој е главен во екипата.