Париз бесен на ѕвездите на ПСЖ: Нејмар и Кавани пијани и голи „слават“ за поразот во ЛШ!? (ВИДЕО)

Париските навивачи збеснаа откако се појави видео во кое две големи ѕвезди на ПСЖ, Бразилецот Нејмар и Уругваецот Единсон Кавани пијани и голи до појас се забавуваат и тоа само еден ден откако францускиот гигант загуби од Борусија Дортмунд со 1-2 во првото осминафинале во Лигата на шампионите.

„Ова во сериозен клуб не смее да го има“, „Што слават овие – пораз?!“, се дел од реакциите на навивачите, одкако беше објавена забавата на фудбалерите на ПСЖ.

Дека сериозна недисциплина и неодговорност владее во ПСЖ, навивачите го потенцираат и фактот дека 48 часа пред мечот со Борусија Дортмунд, фудбалерите си се забавувале до утринските часови на роденденот на најскапиот светски фудбалер.