Палермо дотурка до четврта лига, ама има навивачи за почит – 500 ултраси на првиот тренинг (ВИДЕО)

Сицилијански Палермо ги прежувува најтешките денови во историјата, откако поради банкрот административно наместо во борба за место во Серија А, испадна во четврта лига, па двајцата макеоднски репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски како слободни играчи си заминаа од клубот.

Но, иако Палермо едвај дише, нема фудбалери, откако целиот професионален погон доби раскин на договорите, сепак има навивачи кои не го оставаат миленикот. Не е нивна грешката за финансиските проблеми, уште помалку сериозните долгови, ама во најтешките моменти тие се единствениот ветер во грб за клубот да почне да се враќа на старите патеки.

Сицилијанската гордост ќе игра во четврта лига, но тоа не спречи повеќе од 500 ултраси на Палермо да дојдат на првиот тренинг, како да се работи за почеток на подготовки за настап во елитата, а не во најслабата лига на Апенините.