Па дали е нормален: Сакаше да ја забие топката, но се посрамоти за сите пари! (ВИДЕО)

АЕК на домашен терен во неделата го пречека Астерас од Триполи и победи со 1-0 со голот на Кристодопулус во 61. минута, но еден детал од мечот ја остави публиката без зборови.

Во 12. минута од натпреварот еден страничен играч успеа да ја испрати топката во казнениот простор на Астерас, а дефанзивец на гостинскиот состав го смени правецот на движење на топката и таа тргна кон голот.

Скоро сигурно ова ќе беше гол доколку во целата ситуација не се вмешаше напаѓачот на АЕК, Аргентинецот Арухо, кој не успеа во намерата да ја забие топката во мрежата и така спаси чист гол за домаќините.