Озил дојде во Истанбул за да се види со Ердоган поради посебна причина

Поранешниот германски репрезентативец и актуелна ѕвезда на лондонски Арсенал, Месут Озил дошол синоќа во Истанбул со посебна причина за да го посети претседателот на оваа земја, Реџеп Таип Ердоган, кој воопшто не е омилен во западниот свет.

Озил поради една слика со Ердоган два месеци пред ланскиот Мундијал во Русија, си направи проблеми и беше осуден од јавноста во Германија дека поддржува диктатор, откако Турција влезе во дипломатска војна со дел од западните земји, кога Ердоган тргна во претседателска кампања меѓу бројната емиграција, пред се во Германија. Поради тоа, славите настапи на Озил во Русија и елиминацијата уште во групата, беа причина за жестоки критики, по кои фудбалерот за врска се повлече од националниот дрес и обвини за – расизам.

Сега Озил дошол во Истанбул заедно со свршеницата Амина Ѓулсу и средбата била на аеродромот Ќемал Ататурк, каде фудбалерот му врачил покана на турскиот претседател за – својата свадба. Амина и Месут се свршија во јануари годинава и наскоро ќе прават свадба, а на неа посебен гостин ќе биде турскиот претседател.

Инаку Ердоган сака да го донесе Озил во Истанбул и тоа во Башакшехир, клуб од овој град, кој го раководат најблиските соработници на турскиот претседател.