Ова се вика храброст: Џогираше со дрес на Бока пред стадионот на Ривер (ВИДЕО)

Големиот ривалитет помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт е надалеку познат. Ривалите од Буенос Аирес не се поднесуваат, а нормално истото важи и за навивачите. 

Еден навивач на Бока решил да џогира околу стадионот „Монументал“, каде врие навивачи на Ривер, кои се подготвуваат да одат на натпревар. Нормално ваква провокација може да резултира со тепачка. Полицијата беше тука да реагира, па навивачот на Бока мораше да го соблече дресот и да продолжи  да џогира.