Ова се најдобрите 10 фудбалери на ФИФА 19 (ВИДЕО)

На 28 септември официјално во продажба ќе излезе најновата видео игра ФИФА 19. Фановите на оваа игра со неочекување го чекаат моментот за да дојдат до својата копија, а „ЕА Спортс“ ги објави и најдобрите 10 фудбалери во играта. 

Интересно е тоа што за прв пат во историјата Кристијано Роналдо и Лионел Меси се со идентичен рејтинг по 94 и се на врвот на листа на најдобри фудбалери на играта. По нив според рејтингот следат Нејмар и Лука Модриќ, додека во ТОП 10 имаше место и за еден голман, а тоа Давид де Геа со рејтинг од 91.