Ова може само на Балканот: Ветерани се собраа да играат ревијален меч, па се – испотепаа (ВИДЕО)

Кога ќе се помене балкански фудбал, прва асоцијација освен многубројните таленти и извонредните играчи што произлегле од овој регион е каква лудорија може да се случи. И човек само останува запрепастен, кога на виделина ќе излезат нецивилизирани работи, како случајов во Хрватска.

Ветерани на два клуба кои се нисколигаши, Пречко и Нур во понеделникот се собрале да одиграат ревијален меч во населбата Трешњевка, во западниот дел од престолнината Загреб. Арно ама, наместо да играат фудбал се – испотепале.

Загрепската полиција објави дека против најголемиот дел ќе бидат поднесени пријави, а најголемиот дел од ветераните завршиле на информативен разговор.