Откриено зошто Манчестер јунајтед и натаму го чува Лингард во тимот (ВИДЕО)

Џеси Лингард добива многу мала минутажа во дресот на Манчестер јунајтед откако на клупата седна Оле Гунар Солшер. Сезонава поранешниот англиски репрезентативец нема одиграно ниту минута во Премиерлигата. 

Најчесто не е ниту на клупата за резервни играчи на „ѓаволите“, а сезонава играше само два пати и тоа во Лига Купот, 90 минути против Лутон и девет минути против Брајтон. Англиските медиуми силно го поврзуваа со трансфер, но тимот од „Олд Трафорд“ не можеше да најде купец за Лингард.

Иако беше изненадувачки што воопшто остана да го носи дресот на Јунајтед и сезонава. На социјалните мрежи навивачите се исмеваат со Лингард, бидејќи ја пронајдоа неговата најдобра улога во тимот откако Пол Погба објави видео од Англичанецот како го имитира.

„Лингард е во Манчестер за да биде главен комедијант“, стои во коментарите на социјалните мрежи под видеото на Пол Погба.

„Веројатно заради овие квалитети остана во Манчестер јунајтед“, додава друг.