Откриено зошто фудбалерите ги плукаат нивните пијалоци (ВИДЕО)

Често може да се забележи како фудбалерите кои се на теренот земаат пијалоци, а потоа истите ги плукаат. Сигурно многумина се запрашале зошто се случува тоа, а очигледно конечно ни пристигнува одговор.

„Њујорк Тајмс“ открива дека тоа е начин за да ја измијат нивната уста и да ги подобрат перформансите.

„Истражувањето покажа дека спортистите може да ги подобрат перформансите со миење на усатта за време на интензивните сесии од вежби. Рецепторите во устата испраќаат сигнали до мозокот, кои создаваат чувство на задоволство и награда. Тие му кажуваат на мозокот дека енергијата пристигнува, па нивните мускули го игнорираат заморот“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според Универзитетот во Бирмингем резултатите се позитивни. Ваквиот потег ги подобрило времињата на велосипедистите, кои биле една минута побрзи на возење од 40 км.

За да се достигне такво нешто треба да се мие устата од пет до десет секунди, но оваа техника има своја граница. Ефикасна е за време меѓу 30 минути и еден час.

Доколку се применува на 90 минути, техниката ќе има помал ефект. Но, фудбалерите имаат друг метод.

Во овој случај, тие не ја плакнат устата, туку тие исто така го пијат нивниот пијалок, па истражувачите покажуваат дека тоа има психолошки ефект. Оваа техника влијае на психата на фудбалерите.