Откриено зoшто аферата тапка во место: Роналдо „мангупски“ ја блокира тужбата за силување

Португалската суперѕвезда во Јувентус, Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието поради фудбалската магија и хет-трикот со кој го однесе италијанскиот великан во четвртфиналето во Лигата на шампионите, па големата афера со наводното негово силување во Лас Вегас пред една деценија сега е во втор план. Но, интересно целиот случај е – блокиран.

Роналдо летоска се најде во фокусот на јавноста откако избувна голема афера дека силувал американска студентка во Лас Вегас, а случајот излезе на површина откако медиумите открија вонсудска спогодба од преку 300 илјади долари која ја потпишала Мајорга со адвокатите на Роналдо за да молчи, но решила да проговори, па случајот полицијата во Лас Вегас повторно го отвори.

Роналдо демантираше дека ја силувал Мајорга, тврдеше дека целиот случај е игра за да се извлечат многу пари од него, но откако зовре целата ситуација, во последно време нема ништо ново околу аферата. „ЕСПН“ објави, но и откри зашто случајот сега е блокиран. И сето тоа е правна тактика за да се одолговлечи целиот процес.

Роналдо е во Италија, но тој и неговиот адвокатски тим сега ја играле играта „нека тече времето“, па тужбата сега е заглавена. Додека трае криминалистичката истрага, самата тужба за Роналдо е заглавена од причина што кај Португалецот сè уште не е доставена тужбата од Мајорга покрената пред судот во Лас Вегас.

За доставување на тужба за ваков процес е голем проблем за човек кој живее во странство и не е американски граѓанин, па на службата за да го достави тоа и треба многу напор, а патем мора да се почитуваат разните меѓународни договори. Проблем повеќе е што адвокатот на Роналдо не може да ја прими истата, од причина што Португалецот не го овластил за такво нешто.

И сега Роналдо е во поволна позиција зашто во недоглед може да го одложува процесот со тужбата, а Абед Авед, адвокат и правен коментатор за „ЕСПН“ го објаснил счучајот.

„Богат обвинет може да го истроши сиромавиот тужител со правни мали средства како оваа, а тоа е се тактики за одложување. Оваа тактика е пресметана стратегија и многу често функционира, понекогаш не функционира“, рекол Авет, експрет и за меѓународно право.