Откриени идиотите кои објавија морбидни слики од Емилијано Сала од - мртовечница

Откако светот остана запрепастен со објавување на слики од трагично загинатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала од мртовечницата, англиската полиција експресно спроведе истрага и ги пронајде идиотите.

Звучи неверојатно, ама тоа го сториле 62-годишен маж и 48-годишна жена од Коршам, мало градче во Англија. Двајцата се обвинети за неовласен пристап на компјутер и злонамерни комуникации и се главните осомничени за случајот.

„Свесни сме и згрозени дека некој објавил слики од Емилијано Сала на социјалните мрежи. Семејството на Сала минува низ тежок период и не треба да трпат дополнителна болка од ваков срамен чин. Случајот и понатаму е под истражна постапка и веќе има осомничени кои го сториле гнасното дело“, објавија од полицијата.

Полицијата ги повика сите на социјалните мрежи да престанат со споделување на сликата за да се прекине кругот.

„Ги молам луѓето да престанат да ја споделуваат сликата. Тоа дополнително создава проблеми за семејството и пријателите на Емилијано“, изјавил Грем Ввинтон, шефот на полицијата.