Осогово се мајтапи со Челси - казните во клубот од Кочани се урнебесни! (ФОТО)

Англискиот премиерлигаш Челси вчера ја објави нивната листа со казни и ценовникот за истите, а македонскиот второлигаш Осогово реши да се пошегува на нивна сметка и да објави список со казни, кој е навистина урнебесен.

Осогово има само пет „казни“ за разлика од премиерлигашот, па реши да ги сподели на својата Твитер-страна и пак стана хит.