Огромен скандал во Србија: Тренер тепал фудбалер на полувреме во соблекувалната!

Синдикатот на фудбалери во Србија го обвини претседателот и тренер на Динамо Врање, Драган Антиќ дека на полувреме го истепал својот фудбалер Лука Ратковица. Инцидентот се случил во првата половина на мај, кога Динамо се сретнал со Спартак Суботица, а поради претрпениот стрес Ратковица побарал и стручна помош.

„На ден 11.05.2019 на натпреварот помеѓу Динамо Врање и Спртак Суботица, претседателот и тренер на ФК Динамо Врање, господинот Драган Антиќ, на полувремето го претепал играчот Лука Ратковица, тој со отворена рака го удирал пределот на левата и десна страна од главата, пред бројни сведоци“, се вели во соопштението на синдикатот.